Партнери
Купувачи
- Ние работиме со некои од најголемите компании во Европа кои се занимаваат со овие типови на производи. Нивните имиња и брендови се добро познати на пазарот и работата со нив е големо задоволство за нас. Секогаш одржуваме постојан контакт со нив преку телефон, електронска пошта, директни посети и меѓународни саеми за прехранбена индустрија ("Anuga" - Келн, Германија и "SIAL" - Париз, Франција), така што ние сме во тек со нивните потреби за подобар квалитет на производите.
Снабдувачи на материјали
- Тоа се компании и поединци кои не снабдуваат со суровини за производството на замрзнато овошје и зеленчук. Секогаш одржуваме многу блиски односи со нив знаејќи го фактот дека ако имате висок квалитет на суровините ќе имаат висок квалитет на крајниот производ. Се сретнуваме често со производителите пред и за време на сезоната на секој производ, за да бидеме вклучени во процесот на одгледување и собирање на производот со цел да се добие најдобар квалитет.
Транспортни компании
- Tранспортот е клучна точка каде ние обрнуваме многу внимание, така што сите испораки за нашите клиенти се направи на време и со вистинската температурата. Ние работиме со транспортните компании кои имаат осигурување на нивните ладилници бидејќи чувањето на производот под-18C за време на транспортот на нашите клиенти игра огромна улога за квалитетот на производите.