За Нас

- Ние сме компанија која се занимава со производство на IQF овошје и зеленчук за индустријата со замрзната храна. Производите кои ги произведуваме се IQF (Individually Quick Frozen) или блок замрзнати производи на температура од -40 степени во специјално дизајнирани класични и тунел замрзнувачи “Frigo Scandia” и потоа се пакуваат и се чуваат во ладилница на температура од -18C. Сите производи имаат рок на траење од 24 месеци од денот на пакувањето што е многу добро за овој бизнис.

- Имајќи годишна продажба на повеќе од 5000 тона од замрзнато овошје и зеленчук со годишен обрт од повеќе од 3 000 000,00 € нè прави сериозен партнер кој може да ги задоволи вашите потреби за ваков тип на производи.

- Сите производствени капацитети кои ги користиме се HACCP сертифицирани и тоа ни дава нам и на нашите клиенти доверба на постоење на високо квалитетни производи со одлични микробиолошки, пестициди и тешки метали карактеристики кои постојано се проверуваат во ЕУ сертифицираниот "Институтот за јавно здравје на Република Македонија "..